Thursday, 7 November 2013

Ветерна Енергија


Ветер – алтернативен извор на енергија…



Ветерот е движењето на воздухот. Енергијата на ветерот доаѓа од сонцето. Кога тоа грее, ја затоплува земјата. Воздухот над земјата станува потопол отколку оној над водата. Топлиот воздух како полесен се крева погоре во атмосферата и ладниот воздух се стреми да го завземе неговото место.
Ветерната енергија е еден од најстарите видови енергии, користена од памтивек. Денес, енергијата на ветерот најмногу се користи за производство на струја. Ветерот е обновлив и бесплатен енергетски извор, бидејќи ветерот ќе дува додека сонцето свети и никогаш нема да дојде до негов недостаток.
Ветерници во Македонија-здрав и еколошки извор на енергија
Македонија е една од земјите која нуди огромен потенцијал за искористување на енергијата од обновливи извори. Странските инвеститори во голема мера се заинтересирани за вложувања во ветерници.
Југоисточниот регион е најпогодниот дел од Македонија за производство на струја со искористување на енергијата на ветерот. Земено како за пример, Овчеполието е предел каде ветерот е константана појава и е со средна јачина од осум метри во секунда, што без проблем може да придвижи ветерница со јачина од два мегавати.
Според физибилити студијата за изградба на Ветерен парк, изработена во рамки на КАРДС програмата на Европската комисија, како најпогодна територија се зема територијата на општина Богданци. Веќе постојат најави дека наесен таму ќе се почне да се гради првиот Ветерен парк. Тој би бил на површина од 29 хектари и би имал од 15 до 18 ветерници, секоја со капацитет од 2 до 3 мегавати. Вкупното планирано годишно производство на електрична енергија е над 100 гигават/часови, а инсталираната моќност околу 45 мегавати.
Со инвестирање во алтернативни извори на енергија, освен зачувување на квалитетот на животната средина би се намалила и увозната зависност на Македонија од електрична енергија. Од друга страна, Македонија има обврска кон Европската Унија за 20-процентно производство на струја од обновливи извори на енергија, во енергетскиот биланс на земјата.
                                                                                                                                                       Павловска Викторија


Алтернативни извори на енергија






Ветeрот претставува неисцрпен извор на енергија чијшто глобален потенцијал повеќекратно ги надминува светските потреби за електрична енергија. Околу 2% сончева енергија се претвора во ветар. Користењето на енергијата на ветeрот за Големата енергетска криза во седумдесетите години на минатиот век, а подоцна и сé посериозните глобални еколошки проблеми доведоа до ренесанса на ветерниците. Денес енергетиката на ветар претставува гранка од енергетиката која најбрзо се развива, како во поглед на технологијата, така и во поглед на порастот на инсталирани ветерници во светот. Најголем придонес во развојот на модерната енергетика на ветар даде Данска во која индустријата со ветрогенератори станала една од водечките индустрии. Глобалната стратегија за развој на енергетиката значи вклучување на алтернативни извори на енергија, кои што се еколошки и економски оправдани.Меѓународните протоколи и обврски за намалување на емисијата на CO2 (Kyoto protocol) и локалните еколошки проблеми ги приморале Владите на многу земји со различни субвенции да ја поттикнувааат изградбата на еколошки чисти електрани кои ги користат обновливите извори. Оваа политика придонела до очигледна популаризација и зголемување на уделот во одредени обновливи извори во вкупното производство на електрична енергија.Од сите обновливи извори највисока стапка на развој во последните две децении има енергијата на ветар. Оваа иницијатива совршено се совпаѓа со стратегијата на Владата за развој на обновливите извори на електрична енергија како и стратегијата на ЕУ за развој на овој вид капацитети. Изградбата на електрани на ветар во блиска иднина би имала позитивни импликации за електроенергетскиот сектор на Македонија, како и за локалната економија.Одлуката за вклучување на енергијата на ветрот како дел од портфолиото на АД ЕЛЕМ е донесена во јуни 2004 година, кога Секторот за развој и инвестиции објави Јавен повик за изработка на Прелиминарен Атлас на ветровите за Република Македонија.Атласот го изработила американската компанија AWS Truewind LLC, користејќи го MesoMap system, нумерички модел за временска прогноза. Основна цел била да се идентификуваат, селектираат и изберат регионите и локациите кои поседуваат доволен енергетски потенцијал на кои ќе се постават мерни станици за утврдување на реални можности за реализација на проекти. Со Атласот се утврдило дека најдобри ресурси на ветар во Македонија има на планинските сртови, додека во низините и долините има значително помала просечна брзина на ветрот. Сепак, доказ дека и на помала надморска височина има потенцијал се ридовите по текот на реката Вардар во делот меѓу Кавадарци и Гевгелија, во југоисточна Македонија, каде претпоставената средна брзина на ветрот достигнува 7-7,5 m/s на 500-800 м.н.в. Резултат од Атласот беа 20 локации – кандидати ширум земјата, со потенцијал за инсталирање на постројки со капацитет од 25 MW до 33 MW. Врз основа на резултатите од Атласот, во тек е реализација на Мониторинг Програма на потенцијалот на ветeрот во Република Македонија, која се реализира во соработка со норвешката компанија NTE, а во рамките на Грант доделен од Норвешката Влада. производство на електрична енергија почнала да се развива во триесетите години на 20 век и тогаш започнува изградбата на првите ветерници – објекти за електромеханичка конверзија на енергијата на ветарот. Производството на електрична енергија од ветар во тоа време била неефикасна и скапа. Со развојот на големите хидроелектрани и термоелектрани, ветерниците брзо паднале во заборав.
                                                                                                                            Андреј Марковски


                                                              Програмата се одвива во неколку фази

Првата фаза, која заврши со реализација во јуни 2006, опфати инсталирање на 4 мерни станици на следните микролокации кај Свети Николе, Штип, Богданци и Кожуф. Станува збор за 4 мерни станици испорачани од NRG Systems Inc.-US, од кои три се со височина од 50m. и една со височина од 30m. Комплетната монтажа беше изведена од страна на АД ЕЛЕМ, а во соработка со норвешката компанија Kjeller Vindteknikk (KVT).
АД ЕЛЕМ, NTE и KVT, во рамките на втората фаза од проектот ќе се фокусираат на анализа на параметрите, со цел да се обезбедат валидни резултати за изработка на Фисибилити студија за потенцијалот на енергијата на ветрот на одбраните локации за конечна одлука за изградба на ветерни електрани. Истовремено, како трета фаза од проектот ќе се реализира и програма за трансфер на знаење на тим во рамките на АД ЕЛЕМ и ЕТФ, кој во иднина ќе работи на реализација на проекти во оваа област. Она што е важно во моментов е дека Регулаторната комисија за енергетика веќе усвои повластена тарифа за купопродажба на електрична енергија произведена и испорачана од ветерни електрани во висина од 8,9 €cents/kWh. Со ова, реализацијата на проекти од овој вид во Македонија станува сé поизвесна, од аспект на исплатливост на истите. 
Во меѓувреме, паралелно се одвиваат активности за испитување на наредна група локации. Цел на посетата на локациите е проценка на погодноста на теренот за поставување на мерни станици и турбини на ветер, пристапност на локациите за транспорт на компонентите на турбините, расположивост на земјиштето на локацијата, оддалеченост од најблиска точка на поврзување на мрежа (СН/ВН), адекватна изложеност на ветер, утврдување на рестриктивни области (воени објекти, телекомуникациски кули, национални паркови и сл.), GPS читања на точки од посебен интерес како и утврдување на јачината на GSM сигналот. 
Во меѓувреме, АД ЕЛЕМ се стекна со лиценциран софтвер „ПРО ВИНД“ кој ќе помогне во обработката на податоците за движењето на ветровите кои се собираа од досега инсталираните мерни станици.
Ако се продолжи со ова темпо и со ваков организиран пристап има одлична перспектива употребата на овој вид енергија да стане реалност, особено преку погодностите од разните фондови кои што финансиски ги поддржуваат ваквите проекти. 
Прогнозите за развој на енергијата на ветар се многу оптимистички и ќе биде многу важен извор на електрична енергија во иднина. Таквите прогнози се реални затоа што ветарот е неисцрпен енергенс. Сепак ветeрот заради својата непредвидлива природа ќе има ограничено учество во вкупното производство на електрична енергија. Според студијата WIND FORCE која ја финансирала и спровела ЕУ, учеството на енергија на ветар во глобалното светско производство на електрична енергија во 2020 година се проценува на 12%.

Ние се грижиме за континуирана едукација и надградба на нашите вработени преку разновидни обуки, тренинзи и семинари. ЕЛЕМ е работна средина која стимулира и иновативен пристап во работењето, поттикнувајќи ги своите луѓе за разработка на нови, алтернативни начини за поефикасно и поисплатливо искористување на ресурсите. 
                                                                                                                                                                                                           
                                                                                                                                                                           Ивана Ѓорѓиевска